Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во криминали и корупциски скандали, го кочи изборот на новиот состав на Државната комисија за спречување на коруцијата, изјави пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Според него, најголемата опозициска партија, со неразумни и нелогични предлози, спротивни на препораките на Европската комисија и стручната јавност, го условува носењето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Разликата е во концепти. Тие се за корупцијата, ние сме против корупцијупција. ВМРО-ДПМНЕ е за декларативна, лажна и наводна “борба” против корупцијата – ние сме за суштинска борба. Околу тоа нема компромиси со никого, ги следиме препораките на ЕУ која даде многу позитивно мислење за предлог законот и затоа Законот ќе оди со европско знаменце во Собранието, изјави Кирацовски.

Според него, доколку опозицијата сака вистинска броба против корупцијата, немаше да биде против тоа ДКСК да има ингеренции во делот на финансирањето на политичките партии и немаше да бара Комисијата да нема директен увид во сметките на функционерите.