Пратеникот Јован Митревски е нов координатор на пратеничката група на СДСМ,  откако Томислав Тунтев си поднесе оставка, а испразнетото пратеничко столче ќе го пополни Рубин Земон, досегашен советник на премиерот за развој на мултикултурно општество.

Оставката на Тунтев денеска беше констатирана на собраниска седница. Од Собранието тој заминува во Агенцијата за цивилно воздухопловство, со која ќе раководи.

Инаку Земон кој доаѓа на местото на Тунтев е по етничко потекло е Египќанец и всушност тој ќе биде првиот пратеник во Собранието од оваа етничка заедница.