ВМРО-ДПМНЕ ги достави потписите за иницијативата за поништување на Законот за попис

08.02.2021 / 13:52


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието, Талат Џафери, ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис.

-Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, истакна на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ, како што додаде, во повеќе наврати укажала дека имаме лош и штетен закон, што нема да ја прикаже реалната состојба на жители во Македонија.

-Затоа, и преку Собранието поднесовме четириесетина суштински амандмани со кои што требаше да се подобри текстот на законот. За жал, беа сите амандмани одбиени, рече Сајкоски

Опозициската партија, повтори тој, укажала дека лошо е да имаме врзан потпис затоа што прави сомнеж врз самиот процес на попишување.

-Укажавме дека никаде во светот нема попис на резидентно население, а да се попишуваат и нерезидентите односно граѓаните кои не живеат во Република Македонија, рече Сајкоски.

Тој рече дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Молитва за упокоените и 63 празни столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

пред 12 часа
Македонија

Шилегов најави рушење на Филипче

пред 13 часа
Македонија

Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната

пред 1 ден
Македонија

Српскиот пасош станува се поактрактивен за Македонците (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Коалицијата ССМ,СДСМ и Левица на протест (ФОТО)

пред 2 дена
Македонија

Силјановска Давкова: Ништо не може да ја намали болката на семејствата што ги загубија своите најмили

пред 2 дена
Македонија

Со партиски обележја на СДСМ на протест на ССМ

пред 2 дена
Македонија

Шарените мршојадци намирисаа нов плен (ВИДЕО)

пред 3 дена
Македонија

Вереницата на Лука Дончиќ не сакала да живее во Лос Анџелес, затоа го оставила

пред 3 дена
Македонија

Салата во Градски парк официјално преименувана во „Лазар Лечиќ“

пред 3 дена
jojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobet güncel giriş