Бројките кои ги соопштува Министерството за здравство со кое тој менаџира, ја потврдуваат неспособноста на министерот Венко Филипче, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението од Министерството за здравство и на објавата на Филипче.

По вчерашната поразителна бројка од 317 заболени во едно деноноќие, денес и Министерството и Институтот за јавно здравје со нови црни рекорди. Во однос на минатата недела зголемување од 35,5% на бројката за новозаболени или повеќе од една третина. Пријавени 30 смртни случаи или 7,1% повеќе во однос на претходната недела.

Ситуацијата е целосно излезена од контрола. Неспособноста на Филипче и Заев резултира со огромни бројки на заразени за кои наскоро ќе нема место во болниците“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму обвинуваат дека „неспособноста на Филипче и Заев чини животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.