„Благо разочаран сум поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние, според Радев, повеќе од 200.000. Очекував излезеноста да биде поголема“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека очекува граѓаните на Бугарија да изберат влада со јасна европска ориентација и добрососедски пристап.

„Очекувам граѓаните на Бугарија да изберат премиер, кој е европски ориентиран, односно претседател на Владата. кој ќе е добрососедски ориентиран и наместо билатералните прашања ќе се посвети на промоција  на Копенхагенските критериуми“, рече премиерот.