Манипулацијата е единствена реторика што и остана на Владата во несправувањето со коронавирусот, а министерот за зараза е најнеспособниот министер за здравство во Европа на чија одговорност се над седумстотини починати граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
-Министерот за смрт и ширење зараза веќе нема начини како да се оправда, кога повеќе под пола година ги манипулира граѓаните дека Владата добро се справува со пандемијата,а бројот на новозаболени и смртноста само растат. Додека во нормалните европските земји министри си поднесуваат оставка со три пати помали бројки на новозаболени од коронавирус, нашиот министер за здравство не поседува никаква доблест, ниту пак морална одговорност за оставка и покрај 721 смртни случаи и 17,343 вкупно заболени граѓани. Вчерашните бројки од 346 починати лица на милион жители и 8,325 заболени граѓани на милион жители, говорат за рекордерство во регионот повеќе од шест месеци и комплетната неспособност во справување со вирусот, велат оттаму.
Македонија е единствена земја во Европа каде заболени од КОВИД19 не се примаат во болниците, додаваат од партијата, затоа што биле „стари луѓе“ , а никаде ги нема најавените 16 монтажни болници чии постапки до сега требаше да се распишат.
Очигледно здравствениот систем нема доволно капацитети, иако по изјавите на Филипче тие беа доволни,па сега нелогично се оневзможува хоспитализирање на новозаболени од коронавирус. Министерот ниту има свест за да го чува здравјето на граѓаните, ниту пак смета дека е лично одговорен за повеќе од 720 починати лица во земјава. Министерот безмалку дрско предупредува дека ќе има втор бран на вирусот, кога Македонија сеуште не излегла од првиот бран, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Не, велат, граѓаните не се виновни што власта е неспособна да спроведе добри политики кои ќе ги заштитат од пандемијата, а згора на се се заканува со повторно воведување на полициски час,
На безобразноста на Филипче и нема крај, па продолжува да се рекламира по медиумите за некакви проекти во здравството, кога новозаболени на кои им треба здравствена нега се испраќаат на лекување по дома, капацитетите не се доволни, монтажните болници ги нема, пациентите доживуваат трауми низ здравствениот хаос по болниците, а бројот на заболени и починати вртоглаво продолжува да расте, се наведува во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.