Mила Царовска заедно со СДСМ го уништи образованието во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Околу 20.000 деца поради Царовска и СДСМ не можат да следат настава бидејќи немаат компјутери.

Ветувањата за дигитализација во образованието се само сон, а поради неспособноста на СДСМ  кровови паѓаат во училиштата.

Царовска со своите „реформи од Финска“ се обидува со сите сили да го укине предметот историја за да ја истурка бугарската агенда.

Со СДСМ на власт ниту еден универзитет изминативе години не се најде на Шангајската листа од 1.000 најдобри универзитети во светот.

Со образование кое е политизирано не се ветува добра иднина на младите.

Со Царовска образованието системски се уништува, стои во партиското соопштение.