Секојдневните троцифрени бројки од заболени од Kовид-19 се доказ дека министерот за зараза и смрт не се грижи за здравјето на граѓаните. Додека Филипче гради згради низ Скопје, граѓаните заболени од Kовид-19 умираат, велат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Бројката од 725 починати е сериозен аларм дека во државата не функционира здравствениот систем. Наместо владата да побара одговорност од министерот за зараза и смрт, таа го наградува со сомнителни тендери. Бројката на заразени од ковид-19 изнесува 17.629 и е доказ дека владата на Заев не е подготвена за вториот бран на овој вирус. Оваа бројка не влева оптимизам дека граѓаните се во сигурни раце. Оваа бројка единствено е доказ дека граѓаните се препуштени сами на себе. Сами да се грижат за своето здравје – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека Mакедонија е единствена земја во Европа каде што заболени од Kовид-19 не се примаат во болниците затоа што биле „стари луѓе“, а ги нема ниту најавените 16 монтажни болници чии постапки до сега требаше да се распишат.
Очигледно здравствениот систем нема доволно капацитети, иако по изјавите на Филипче тие беа доволни, па сега нелогично се оневозможува хоспитализирање на новозаболени од корона вирус – се вели во соопштението.
Comments are closed for this post.