Дали ќе има попис в година како што е највено од Владата е неизвесно и тоа ќе зависи од исходот од преговорите меѓу власта и опозицјата.

Порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денес на прес-конференција рече дека преговарачки тимови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ работат на законот, меѓутоа „како и за се друго ставовите се дијаметрални“.

„Имаме неколку работи кои се суштински, имаме повеќе од 20-тина точки кои што во моментов ги разговараат тие преговарачки тимови на состаноците кои што ги водат. Би издвоил еве неколку како поважни – што се однесува на пример до попишувачите, да не оди само еден попишувач, да одат тимови попишувачи. Сега во моментов е предложено да оди еден попишувач. Да има верификационен лист на попишано население, да не се внесува директно електронски туку да има доказ кој ќе остане за понатаму и кој што ќе може да биде предмет на било каква анализа и обработка, доколку е потребно од државните органи“, рече Арсовски.

Тој инфомираше дека ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да биде на почетокот на декадата, односно 2021 година кога практично Еуростат  и Европската унија во сите европски земји ќе се прави пописот.

„Бараме, ова можеби е најважното прашање кое што ја засега јавноста, да се попишува само резидентното население, а да не може да се попишува некој си, како што е буквално пишано во законот, не кажува ни во каква роднинска врска, ни во каква врска е со оној кој го попишува кој што е во странство, да може само со матичен број да го попише дека е жител на Република Македонија. Практично може 25 години не се појавил во државата“, рече Арсовски.