Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека пратениците го напуштаат собранието.

За жал имаме ден кој ќе биде на црните страници на македонската историја, беше киднапиран пратеник. Ќе одговараат сите кои одземаа телефони од пратеници, држеа затворени пратеници, и оние кои киднапираа пратеник. Ќе има одговорност. Имам порака во име на целата коалиција, а тоа е дека најбрзото и наједноставно решение за излез од оваа криза се брзи предвремени избори во најкус можен рок – изјави Николоски.

Тој им порача на оние кои го држат пратеникот да го ослободат.