Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе предлог за формирање анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО, по разрешувањето на Катица Јанева.
Во предлогот се посочува дека треба да се испита работењето и начинот на трошење на средстават од буџетот наменети за СЈО.
„Комисјата треба да го утврди начинот на материјалното и финансиско работење на обвинителството, како и вработувањата. На комисијата ќе бидат поканети експерти и сведоци кои ќе говорат за работењето на СЈО“, стои меѓу другото во предлог одлуката на ВМРО – ДПМНЕ.
Анкетната комисија, како што се наведува во предлогот, треба да испита како се потрошени 15 милиони евра буџетски средства.
„Во името на граѓаните кои досега одвоиле 15 милиони евра сакаме да провериме на кој начин се трошеле нивните пари и на кој начин се постапувало во законските постапки, деловодници, законитост на постапки при вработување, можни конфликти интереси при вработување и непотизам, и сомнителни хонорари“, рече пратеникот Антонио Милошоски.
Предлогот е Комисијата да ја предводи претседател од редот на најголемата опозициска партија, а другите 10 члена да се одредат според распоредот на силите во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ предлагаат да има и набљудувачи од шведската, американската и холандската амбасада бидејки овие три држави имале сериозен финансиски учинок во СЈО од пари на нивни даночни обврзници.
Comments are closed for this post.