Ковачевски да се извини на народот, што го лажеше дека сме почнале преговори со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски лажеше дека преговорите се почнати, а всушност тој ги закочи преговорите и овозможи Македонија да биде блокирана.

Ковачевски и СДС ги лажеа граѓаните болни од цистична фиброза со години дека ќе го набават лек, кој за нив значи живот, и не го набавија. Резултатот е изгубени животи, кои можеле да бидат спасени.

Ковачевски лаже дека направиле илјадници километри патишта, а во реалноста е демантиран од дупките по патиштата и запоставените патни правци кои со години се на иста точка на изградба како Кичево – Охрид, Скопје – Блаце, делницата кај Петровец и многу други низ државата.

СДС ветуваше почист воздух, а добивме загадување како што има во најзагадените градови во светот.

Ковачевски кажа дека цените на прехранбените продукти како лебот, сувомесните производи и другите намирници ќе се намалат, а реалноста е дека не се намалуваат, напротив има и зголемување, секој ден цените растат.

Ковачевски и СДС не остварија ништо од тоа што ветија, затоа и нивните позиции се разнишани, а се држат на власт ден повеќе со уцени и притисоци. На лагите им доаѓа крајот, а потоа ќе има и одговорност за сите криминали, стои во партиската реакција.