Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини.Но, пратеници за „Пресинг ТВ“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спотивен со Уставот

Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.

Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.