Денеска во Собранието на Северна Македонија на дневен ред се пратенички прашања. Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска имаше прашање до министерот за транспорт и врски Горан Сугарески зошто не е пуштен автопатот од Скопје до Штип.

Зошто не е пуштен автопатот, иако неколку пати најавивте дека ќе го пуштите. Еве мина и еден месец откако ветивте, но автопатот и натаму е затворен  – праша Ласовска.

Според Сугарески патот се уште е небезбеден.

Точно е дека најавивме отворање, но утврдивме дека натпатникот кај Свети Николе има недостатоци. Правиме корекции, и нема да го ставиме во функција се додека тоа не го завршиме. Небезбеден автопат нема да пуштиме. Нема да дозволиме да биде доведена во прашање безбедноста на граѓаните – рече Сугарски.

Ласовска не беше задоволна од одговорот.

-Имавмте доволно време министре да го средите проблемот. Не сум задоволна од одговорот – дополни Ласовска.