Провиден е планот на власта како да дојде до 80 пратеници неоходни за уставните измени. За тоа им требаат барем десет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ а тоа најлесно се прави преку поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски, кој со своето влијание треба да одигра двојна улога.
Прво да помогне, односно убеди пратеници да гласаат за влез на Бугарите во Уставот и втората роља е да внесе раздор внатре во ВМРО-ДПМНЕ што би довело до нови поделби.Наградата што ќе ја добие ќе биде слобода и ослободување од кривично гонење.
Тој филм власта сака да го гледа а „трејлерот“ беше најавен со измените на Кривичниот законик и со најавата за носење на Закон за амнестија.
За ова е разговарано на највисоко ниво а тоа го потврди и лидерот на ДУИ Ахмети и неговиот довчерашен сопартиец Изет Меџити. Планот бил правен кај претседатателот Пендаровски а структури на ДУИ и СДСМ требало да бидат логистика и подизведувачи.
Но,планот не успеа и неславно пропадна. Она што е уште пострашно е што паднаа маските дека ВМРО-ДПМНЕ се разединети. Напротив, на СДСМ му фалат неколкумина пратеници кои не сакаат да гласаат за промена на Устав.
А ДУИ пак е длабоко заглавена во аферите за криминал, во кој се вмешани, сватови, зетови, донатори, браќа, братучеди…
А во таква ситуација повеќе се мисли на сопствената кожа отколку на Устав.
Comments are closed for this post.