Се што е убаво крако трае. Кратко траеше и воодушевувањето и радоста на власта и нивните медиуми за изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со Ковачевски во Берлин за условувањата на Бугарија.

Беше пренесена изјавата оти Шолц рекол дека Бугарија ќе нема други услови и оти уставните измени се последната отстапка што треба да ја направиме кон Бугарија.

Но, дали е баш така, или пак власта се изгуби во преводот.

Шолц во изјавата вели: „Не, тоа е јасно договорено. Треба да биде редовен пристапен процес согласно постапките на ЕУ и не треба да дојдат други кои се однесуваат на билатералните односи. Тоа е мојот став“, рече Шолц.

Значи клучниот збор е „не треба“ а не дека нема да има нови услови.

СДСМ во соопштението тоа си го истолкува на свој начин.

Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има. Дополнително, тој јасно ја нагласи големата почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што  Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ.