Владата на СДСМ зададе уште еден удар врз медиумите. На пет минути пред завршувањето на вонредната состојба ги преполови буџетите за рекламирање. Тоа го сторија со вонредна уредба со која што извршија упад во Изборниот законик и начинот на распределба на буџетите за рекламирање.

Со тоа без консензус и на штета на сите медиуми ги преполови буџетите за рекламирање. На овој начин медиумите се клекнати на колена кои и онака работат на работ на егзистенција поради корона кризата и намалениот број на огласувачи.Преполувањето на буџетот  направено на навистина шверцерски начин како што доликува на оваа влада. Законот е прикачен на сајтот на владата во еден часот по полноќ по завршувањето на вонредната состојба.

Со ова грубо е прекршена вонредната состојба која неколкупати се продолжуваше за владата да носи уредби за справување со корона кризата и чии гарантор беше претседателот Пендаровски.