Владата на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.
– Владатана денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба, се наведува во соопштението од денешната владина седница
Comments are closed for this post.