Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, изјави дека земјата е против можното враќање на српската војска на Косово.

Османи рече дека Скопје со загриженост ги следи последните настани на северот на Косово и Метохија и оцени дека интензивирањето на медијацијата преку конкретни идеи е добра можност што треба да ја искористат двете страни, наведувајќи дека зборува за европско посредување преку француско-германскиот предлог, пишува приштинскиот портал „Репортери“, цитиран од „Танјуг“.

Османи рече дека Македонија ја поддржува Приштина во нејзините акции за, како што рече, „да го спроведе законот на целата територија“.

Тој изјави и дека Скопје го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти според него треба што поскоро да се дојде до сеопфатно решение засновано на взаемно признавање.