Повеќе од половина од државните органи се формирани без да им се определи јасно статусот, не се ги знаат линиите на одговорност, а постојат и поклопувања во надлежностите, рече минстерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

На прес конференција, тој најави дека министерството започнало со спроведување на хоризонтална функционална анализа, со која како рече ќе се стави крај на хаосот на системот на државната управа во Македонија.

Според анализата, 62 државни органи се регулирани согласно законот за организација и работа на органите од државната управа, додека 66 со посебни закони. Резултат на оваа анализа ќе бидат реорганизацијата и оптимизаццијата на системот, најави Манчевски и појасни дека тоа можеби би значело и укинување на институции, намалување на бројот на менаџери, управни одбори, раководни лица.

Сепак додава тој, во прв план е да се обидеме на луѓето да им најдеме место во системот, но доколку анализата укаже дека одреден број на луѓе се прекубројни, ќе се понудат до приватниот сектор, и преку одредени услови ќе се обидеме луѓето да ги префрлиме таму, рече министерот за информатичко оштество и администрација.

Процесот се очекува да заврши во 2020 година.