Адвокатите на Катица Јанева почна со презентација на материјалните докази во случајот „Рекет“.
Најнапред беше пуштена емисија од 1 ТВ во која Јанева говори за одредување на мерката куќен притвор.
Таа сметала дека мерката куќен притвор треба што помалку да се одредува доколку осомничените соработуват со истрагата и дадат гаранции дека нема да бегаат.
Сепак, тоа што предизвика најголемо внимание во Судот е изводот од нејзината трансакциска сметка во НЛБ банка од 1.9 2018 до 1.9 2019 година, на која се гледа дека Јанева покрај платата, на 5.7 2019 година имала и уплата од Владата.
Адвокатот Кадиев не наведе за што се однесува уплатата од Владата на личната сметка на Јанева.
Comments are closed for this post.