Иако вчера на брифингот со новинарите, Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски најави дека ќе им ја испрати физибилити студијатa за договорот за јавно приватно партнерство за хеликоптерска помош на маил, тоа не го стори.

Со тоа јавноста остана ускратена за многу одговори како што е потребата од формирање на ваква служба, потребата од итни интервенции, колкав е нивниот број и сл.

На овие прашања одоговор немаше ниту Рашковски кој новинарите ги упати да се обратат во МВР и таму да ја добијат бројката на лица на кои годишно им треба интервенција за спасување на планина, на тешко достапни места, скршеници и сл.

Затоа чуди и интересот на шведската компанија „SHC Swedish Helicopter Consortium“ преку локалната „САРХЕМС“ да влезе во партнерство со Владата и да нуди хеликоптерски услуги. Основач на фирмата е извесен Саша Џаковиќ од Гетеборг.

Обврска на првиватниот партнер е покрај набавката на два хеликоптери е во рок од 6 месеци да изгради осум хелиодроми во осум градови, а Владатa да отстапи за таа намена државно земјиште на времено користење.

Покрај тоа фирмата е должна да го воспостави целокупниот систем за спасување – пилоти, медицински екипи и поврзаност со МВР, ЦУК, Брза помош, АРМ..

Новите хеликоптери треба да полетаат најдоцна за шест месеци, а интервенцијата треба да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја.