Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири, во соопштението испратено до медиумите велат има простор за разговори и подобрувања согласно Уставот на РМ.
Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација, стои во соопштението.
Од Владата сметаат дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот.
Comments are closed for this post.