Не постојат конфликти или судири во Владата како што пишуваат медиумите, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како функционира владината коалиција по различните изјави на премиерот и вицепремиерот за европски прашања во однос на Законот за јазиците.

Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на израз. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековно и немаме никакви проблеми, истакна Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.