По објавувувањето на аудио „бомбата“ на која се слуша гласот на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за наводно договарање на сомнителен тендер од 7 милиони евра, со реакција се јавија од Владата.
„Во врска со објавениот аудио запис снимен од официјален состанок на владини претставници и претставници на компаниката Леонардо од Италија Владата на Република Северна Македонија известува:
Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Целата процедура е во согласност со правилата за набавка на ЕБОР и евалуацијата е направена од независни евалуатори.
Согласно правилата на ЕБОР, по завршување на евалуацијата, МНАВ е должна да испрати Letter of award (Писмена потврда за избор на најповолен понудувач) која скоро две години претставникот на МНАВ не сакал да ја потпише. Неколку веб портали се обидуваат на погрешен начин да претстават дека терминот “Letter of award” значел награда, а значењето на тој термин во професионалната комуникација претставува писмо за известување, и ништо поразлично.
Владата на Република Северна Македонија согласно законските прописи е должна да се грижи за безбедноста на воздушниот простор и затоа е побарано да се одржи состанок со претставниците на италијанската компанија, со цел да се констатира дека долг период не се постапувал согласно процедурите и дека со тоа се загрозувала безбедноста на граѓаните во рамки на воздушниот сообраќај.
Во снимениот разговор кој не е објавен во целост со цел да се манипулира јавноста, во ниту еден момент не се зборува за ниту една активност надвор од тендерската постапка, туку за тоа како граѓаните да добијат побезбедно небо.
Од акцискиот план на МНАВ се гледа дека набавката на АТМ системот требало да се реализира пред април 2018 година (шест месеци пред одржување на состанокот од снимениот разговор), а од изменетиот акциски план се гледа дека до одржување на состанокот тоа не е завршено.
Целиот материјал ќе биде предаден на Јавното обвинителство со цел презентација на факти, разобличување на изнесените дезинформации, но и констатирање на одговорност за лицата кои сакале да ја нарушат безбедноста на граѓаните“, стои во реакцијата.
Comments are closed for this post.