Со последната изјава на премиерот Бојко Борисов станува јасно дека Бугарија подготвува вето за Македонија во Европската унија. Ако за Грција проблем беше името на Македонија, за Бугарија е спорен нашиот македонски јазик и историските личности.
Борисов е јасен дека Македонија треба да заборави на македонски јазик и да престане да го нарекува Гоце Делчев македонски револуционер. Доколку тоа не го прифатиме, вратата на Македонија во ЕУ ќе била затоворена бидејќи Бугарија била европска држава.
Со ова паднаа во вода и лагите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на претседателот Пендаровски дека прашањето со Бугарија е билатерално и оти нема да влијае на европската интеграција.
Власта не реагираше ниту на изјавата на министерката за надворешни работи Захариева дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект.
Заев пак пред неколку дена најави оти мора да бидеме чесни и да признаеме дека во целост мора да го исполниме Договорот со Бугарија.
Во тој контекст Декларацијата на ЕУ е јасно и од Македонија се бара во целост да го почитува Договорот за добрососедство со Бугарија.
ЕУ целосно го поддржува залогот на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите членки на ЕУ. Спроведувањето билатерални договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, останува важно во овој поглед-се наведува во Декларацијата на ЕУ.
Comments are closed for this post.