Поранешниот спикер Трајко Вељаноски на денешните завршни зборови проговори и за случувањата во Конгресот во САД откако на едно од минатите рочишта овој настан беше споменат и од обвинителката Вилма Русковска.

Во однос на наводот на обвинителството дека во  САД сите конгресмени евакуирани, Мајк Пенс застанал во одбрана на уставот а на Трајко Вељаноски единствена грижа му била неговиот кабинет и неговото столче, тој рече.

 Можеме да зборуваме за различни случувања во многу светски парламенти, но овој суд има задача да ја утврди фактичката положба врз основа на оценка на сите докази поединечно и во склоп на една доказна целина. Столчињата на Трајко Вељаноски, но и на сите други функционери во секој случај се од времен карактер, но не се тема на оваа постапка.
Ако случувањата во Конгресот на САД на било каков начин се поврзуваа во овој судски процес, тогаш пред судот ќе беа изведувани докази на таа тема. Меѓутоа заклучокот на обвинителството не коренсподира со ниту еден доказ. Недозволиво е судската кривична постапка да се користи за лична јавна промоција, ниту пак во постапката пред судот да се коментираат настани врз основа на медиумски известувања. Пред се тоа е несериозен и непрофесионален пристап во вршењето на одговорната јавнообвинителска функција