Бугарија направи се за да создаде механизам преку кој бугарската позиција во односите со Република С.Македонија ќе биде заштитена на европско ниво. Ова за БТВ го изјави заменик министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, пренесува Faktor.bg.

Според неа, сега топката е во полето на РСМ. Петрова  коментира дека „од нив гледаме желба тоа да се случи што е можно поскоро“.

-Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е клучно за земјата да ги започне суштински преговорите за членство во ЕУ. Се надевам дека ќе видиме голема активност од нивна страна и се надевам дека ќе соберат доволно политичка волја за ова да се случи што поскоро, додаде Петрова.