Претседателот на Собранието  Талат Џафери за 16 мај  закажана седница за прегласување на неколку закони што не беа потпишани од се уште актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, а беа донесени на 24 април.

На оваа седница на дневен ред ќе бидат и закони во второ читање. Исто во четврток ќе биде закажано продолжение на 91 и 94 седница, на кои на дневен ред се закони кои треба да се прегласаат или не биле гласани. За 20 мај ќе биде закажана нова редовна пленарна седница со материјали кои се пристигнати во Собранието за време на претседателската кампања.