Пратеничката Иванка Василевска на комисијата за надворешна политика нагласи дека е срамно што Никола Димитров не се појави и оти тоа е навреда како кон Собранието така и кон македонскиот народ.

Ова покажува дека за нив ова за нив е затворена точка и не е на дневен ред . За владата е тема тендерот што треба да го добие братот на премиерот за производство на марихуана, а не македонските интереси – рече Василевска.

Таа ги повика и поранешните претседатели да го кренат гласот.

Каде сте Иванов и Црвенковски, зошто молчите. Зошто ве плаќа македонскиот народ – праша пратеничката.