Непознат граѓанин го демолирал зелениот кров на ГТЦ. Градоначланикот на Скопје, Петре Шилегов, на својот фејзбук профил објави видео снимки од моментот кога се случува вандализмот, во кој се искршени инсталациите на фонтаните, цевките и другите материјали кои досега се поставени за претворање на овој дел од ГТЦ во зелена градина.

Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“ – напиша Шилегов на Фејсбук.

Изградбата на зелениот покрив на ГТЦ почна во февруари годинава, а планирано беше да биде завршен во септември. Планирано е на површина од 1.800 метри квадратни да бидат засадени  29 дрвја и 30 други видови садници, фонтани, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.