Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер (42) заврши на листата на 50 најбарани бегалци во Европа, откако Австрија распиша меѓународна потерница по него.

Радоје Звицер е осомничен дека во Австрија увезол 83 килограми кокаин (чистота 60,9%) Ова лице организирало доставување на наркотици кои се продавале во Виена во негово име“, се наведува во потерницата.
Објавени се и познати псевдоними, односно идентитети што ги користел.

Јосип Бабиќ, роден на 06.02.1979 г. во Германија
Драган Гојковиќ, роден на 08.09.1977 година во Беране, Црна Гора
Дејвид Грепо, роден на 2 март 1983 година.
Ференц Кароли, роден на 31 март 1975 година