Собранискиот спикер Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на специјалната обвинителка, Катица Јанева, информираат од Кабинетот на Џафери.

Постапката за разрешување на Јанева налага Парламентот да обезбеди дветринско мнозинство. Откако ќе се изгласа, предлогот за разрешување се доставува до Советот на јавни обвинители кој го финализира разрешувањето.