Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.