За утре во Основниот суд Скопје 1 закажано првото судско рочиште за свирепото убиство на Никола Саздовски-Саздо. Процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски. На обвинителна клупа ќе седнат Бесир Б. и Скендер Р. кои се во притвор.
На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски. Убиството се случи на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда.
Момчето беше брутално истепано по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога тој паднал на земја и изгубил свест. Почина по десетина дена на КАРИЛ.
Против третото осомничениот Јетон Љужа, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка.
Со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи – изјавија од Обвинителството.
Убиството на Никола Саздовски предизвика протести и осуда со барања за правда за Саздо.
Comments are closed for this post.