Уставните измени утре ќе се најдат пред пратениците. Собраниски извори информираат дека пленарната седница, собранискиот спикер Талат Џафери ја закажaл за в понеделник, а утре ќе почне со работа Комисијата за уставни прашања.
Расправата таму може да трае најмногу 10 дена, а пратениците може да говорат повеќепати, но вкупно 20 минути.
Според одредбите од Деловникот на Собранието, целата постапка за промена на Уставот, ако се почитуваат крајните рокови, треба да трае околу три и пол месеци.
Постапката за измена на Уставот би одела во три фази. Во првата, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници
Comments are closed for this post.