Собраниската комисија за избори и именувања едногласно ја усвоена предлог-листата за составот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Следниот чекор за назначувањето на оваа комисија ќе биде на пленарна седница во Собранието, што е закажана за во 12 часот.

Пред изборот на комисијата, прворангиран со 100 бодови беше кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени, Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67  бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89, 29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86,  Ељуард Муртезани со 73,57…

Билјана Ивановска е предложена за претседател затоа што само таа се пријавила, додека другите се пријавиле само за членови.