На својата 152. седница, Владата усвои Национална платформа за намалување ризици од катастрофи.

Стануца збор за документ што на системски начин треба да ги поттикне и обврзе субјектите на системот за управување со кризи и заштита и спасување, да дејствуват на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на последиците од можни катастрофи.

Со оваа Платформа Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, посебно обврските кои произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации – соопштија од владината прес-служба.