Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Катица Јанева, објави Слободен печат.

Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот, вели Штерјев за весникот.

И од СЈО за „Слободен печат“ потврдиле дека писмена оставка на Јанева не е доставена до Советот на јавни обвинители.