Венецијанската комисија препорачува сите земји кои имаат вонредна состојба и каде Владата наместо Собранието носи уредби со законска сила, тие да престанат да важат по враќање во нормалната состојба.
Во тој дел Венецијанската комисија е јасна е и наведува дека уредбите „треба да го изгубат својот правен ефект во моментот на престанокот на вонредната состојба“.
Преведно во наш речник, тоа значи дека сите уредби кои беа донесени од Владата за време на вонредната состојба треба да престанат да важат се додека идното Собрание после изборите не ги разгледа и евентуално усвои со што тие ќе станат закони.
Владата во овој период беше на удар дека носи уредби кои немаат никаква врска со справување на последиците од корона кризата. За потсетување, при прогласувањето на вонредната состојба претседателот Пенаровоски рече дека се носи вонредна а не воена за да може владата да итно да носи уредби кои ќе помогнат да санираат последиците од короната.
Но, наместо корона мерки владата во овие два месеци донесе уредби за извоз на дијаманти, за минерални суровини, за увоз на возила, за онлајн обложувалници, за плати на поранешното СЈО. Сево ова на никаков начин не поврзано со корона кризата.
Дека уредбите треба да бидат на „стенд бај“ стои и во членот 126 од Уставот. Таму се наведува овластувањето на Владата да донесува уредби трае до завршувањето на вонредната состојба.
Претседателот Пендаровски на 16 мај треба да одлучи дали ќе има нова, треета вонредна состојба.
Comments are closed for this post.