И покрај забележителниот напредок кога станува збор за заштитата на правата на ЛГБТИ заедницата, сепак се уште се соочуваме секојдневно со хомофобични изјави и говор на омраза. Оттука, изјавата на премиерот, која содржеше дискриминаторски израз за хомосексуалците, е мошне сериозен проблем, бидејќи ги загреа хомофобичните страсти кај многумина.

Ова за Пресинг Тв го изјави извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

Според неа, ефектот од изјавата веднаш бил забележлив според интензитетот на нападите врз граѓанските активисти кои реагирале.

Политичарите имаат посебна одговорност и мораат да внимаваат со својот говор да не ги загрозуваат правата на граѓаните, децидна е Пировска.