Денеска почна вториот кадар од сапунската серија на „брусалка историјата“, што ја воведе премиерот Зоран Заев. Брусалките денес го отстрануваа шестнаесеткракото Сонце или Ѕвездата од Кутлеш од капаците на скопските шахти, елиминирајќи го на тој начин наводниот „шахта иредентизам“ спрема јужниот сосед.

Првиот кадар од македонската „брусалка историја“ беше снимен на спомен-обележјето на народниот херој Благој Јанков-Мучето во Струмица. Во името на светлата иднина и добрососедството со Република Бугарија на него со брусалка беше отстранет зборот бугарски, што означуваше од каков куршум загинал за време на Втората светска војна. Истата постапка не е спроведена во други градови на Македонија, барем досега не е јавно познато, иако има и други спомен-плочи на кои исто така стои формулацијата „бугарски куршум“.

Отстранувањето на Шеснаесеткракото Сонце или Ѕвездата од Кутлеш од јавниот простор е во согласност со членот 8, став 3 од Договорот од Преспа за што Владата упати посебно упатство до единиците на локалната самоуправа.

Брусалката може да бруси се, само не може да ја избруси колективната меморија. Зашто, никој не може да го негира фактот дека токму Ѕвездата од Кутлеш беше консезуално усвоена за прво официјално државно знаме на самостојна и независна Република Македонија. И не случајно голем број граѓани го користат како составен декор на сите поважни големи настани. Во северна Грција се користи истиот симбол но во сино-ебал варијанта, во грчките национлани бои, додека Македонците од Македонија, Албанија, Бугарија и во дијаспората црвено-жолта што хералдички одговара на македонската традиција и националните бои.

Документ фотографија. Претседателот Киро Глигоров со сега забранетото знаме