Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата, објави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

СТАНУВА ЗБОР ЗА ДВЕ РЕШЕНИЈА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА КОМИСИИ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ И ЕДНА ТЕЛЕГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО МВР ДОНЕСЕНИ ОД МОЈА СТРАНА, А КОИ БЕА НЕЗАКОНСКИ ПОНИШТЕНИ ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА, НАПИША ТОШКОВСКИ.

Според пресудата, која тој ја објави, Управниот суд оценил дека владата со укинувањето на одлуките сторила повреда на правилата на постапка, впуштајќи се во оценување на нивната законитост по несогласувањата помеѓу техничкиот министер и заменик министерот за тоа дали станува збор за правни, финансиски и кадровски прашања кои се однесуваат на организацијата на изборите. Наместо тоа, владата била должна да ги упати спорното прашање да го решаваат пред ДИК, која треба во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја извести владата.  Според наоѓање на судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.