Откако украинската влада донесе закон да се ослободат од затвор вооружи затвореници да се борат за својата земјa би можеле бидат ослободени и четворицата атентатори на Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан.
За нас тоа е важно дека меѓу нив е и Стефан Ѓукиќ кој има македонски пасош на име Каче Герги. Ѓукиќ на 29 јануари 2019 година се сликал за македонска патна исправа и потоа оди во Украина каде е фатен во обид да изврши атентат врз Звицер.
Украинското Обвинителството потврди дека ќе ги ослободи не само поранешните војници, туку и оние кои се покајале. Меѓу затворениците има и четворица Срби и Црногорци.
Тие на 26 мај 2020 година имаа неуспешн обид за убиство на Звицер во елитниот дел на Киев. Тие беа уапсени веднаш по обидот за егзекуција и оттогаш се во украински затвор. Звицер беше спасен од сопругата Тамара Звицер која пукаше во напаѓачите.
Comments are closed for this post.