Голем ден за православието. Претседателот на Украина Петро Порошенко и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ги потпишаа протоколите по што Украинската црква е официјално призната од православниот свет.
Денес е историски ден. Потпишавме договор помеѓу Украина и Вселенската патријаршија. Украинците го молеа господ да им прати единствена православна црква – рече Порошенко на церемонијата во Истанбул.
Примањето на црквата на Украина доаѓа и покрај острото противење на најголемата православна црква во светот, Руската. Во знак на протест, црковна Москва објави дека ги раскинува односите со Цариград бидејќи смета дека таа го има Томосот за афтокефалијата на украинската црква.
Со тоа логично се поставува прашањето дали следна би можела да биде Македонската православна црква која исто така не е призната од ниту една помесна црква како ни од Патријаршијата во Цариград.
Откако преговорите со Српската црква не вродија со плод, македонските владици се свртија кон Исток и решија спасот да го побараат во Бугарската црква која прифати да биде мајка-црква и да издејствува МПЦ да биде призната.
Но, оттогаш се нема ништо случено ниту пак бугарската црква има преземено некаков чекор во корист на МПЦ.
Регина Елснер, теолог и експерт за православие за Радио Слободна Европа тврди дека не постојат никакви изгледи МПЦ наскоро да добие афтокефалност.
Србија е многу блиска со Москва, можеби и нивен најблизок сојузник и чекор во правец на македонската афтокефалија ќе значи дека ќе ја изгубат и оваа црква и не сакаат да ризикуваат-анализира телологот.
Comments are closed for this post.