Убиство во Скопје во ноќните часови.Во стилот на Белград во деведесеттите години, пред зградата на СЈО на „Рузвелтова“ пукано беше во возило во движење во правец кон улицата „Орце Николов“.
Во возилото во кое е пукано биле тројца лица од кое едно починало а двајца се повредени. Откако настанале пукотниците, возилото во кое било пукано успеало да застане пред едно познато кафуле во близина каде дошла Полиција да направи увид и амбуланта на итната помош.
Рафалните пукотници ја вознемирија населбата Карпош 1 околу еден часот по полноќ, но за среќа на улицата немало случајни минувачи кои би можеле да бидат жртви
Comments are closed for this post.