Сведокот Срѓан Лалиќ на судењето против кланот на Веља невоља откри нови детали кои се поврзани со актуелната власт во Македонија.

Тој за првпат ги откри убијците на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои беа изрешетани во ресторан во Атина на 19 јануари 2020 година додека со семејствата биле на вечера.

Се сеќавате ли кој е ликвидатор на Дедовиќ и Стаматовиќ?

Брашњевиќ и Лаиновиќ-откри сведокот.

Лалиќ уште отри дека Лаиновиќ пребегал на Косово со лажен пасош во Македонија.

-Од Македонија илегално премина таму, а мислам дека со лажен пасош премина кој му го направија Македонци-изјави сведокот.

Тој  опиша и како се случила  егзекуцијата на членовите на Шкаљарскиот клан.

– Дедовиќ немаше реакција, главата му падна во чинијата, а Стаматовиќ скокна на пиштолот.

Кои беа Дедовиќ и Стаматовиќ

Тие беа високо позицирани членови на Шкаљарскиот клан и имаа прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра. Во Атина влегле со македонски пасош.Беа лоцирани во ресторанот откако нивните сопруги се „чекирале“ на Фејсбук.