Сведокот Срѓан Лалиќ на судењето против кланот на Веља невоља откри нови детали кои се поврзани со актуелната власт во Македонија.
Тој за првпат ги откри убијците на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ кои беа изрешетани во ресторан во Атина на 19 јануари 2020 година додека со семејствата биле на вечера.
Се сеќавате ли кој е ликвидатор на Дедовиќ и Стаматовиќ?
Брашњевиќ и Лаиновиќ-откри сведокот.
Лалиќ уште отри дека Лаиновиќ пребегал на Косово со лажен пасош во Македонија.
-Од Македонија илегално премина таму, а мислам дека со лажен пасош премина кој му го направија Македонци-изјави сведокот.
Тој опиша и како се случила егзекуцијата на членовите на Шкаљарскиот клан.
– Дедовиќ немаше реакција, главата му падна во чинијата, а Стаматовиќ скокна на пиштолот.
Кои беа Дедовиќ и Стаматовиќ
Тие беа високо позицирани членови на Шкаљарскиот клан и имаа прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра. Во Атина влегле со македонски пасош.Беа лоцирани во ресторанот откако нивните сопруги се „чекирале“ на Фејсбук.
Comments are closed for this post.