Задутре во периодот од 9.30 часот до 10.00 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите на автопатот кај Демир Капија.

Како што соопштуваат од ЈП „Македонија Пат“, прекинот во снабдувањето со струја е поради изведување електричарски работи од страна на екипи на ЕВН.