Од утрово цела Македонија има проблем со интернет. Мрежата е слаба или пак воопшто го нема што создаде многу нервоза кај корисниците.Ова посебно се однесува за претплатниците на мрежата на Телеком.
Оттаму ни одговорија дека се работи за генерален проблем на сите услуги на ниво на Македонија и оти работат на отстранување на проблемот.